Организираното граѓанско општество на ЕУ се среќава со западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организираното граѓанско општество на ЕУ се среќава со западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Сабота, 19 декември 2009 15:32

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) од 14 до 18 декември 2009 година, во Брисел, ја организираше зимска школа за социјалните партнери и граѓанските организации од земјите од западен Балкан.

Организираното граѓанско општество на ЕУ се среќава со западен Балкан

Програмата вклучи социјален и граѓански дијалог, начинот на работа на ЕЕСК, средби со членови и функционери на ЕЕСК и на Европската комисија, како и на европските синдикати и бизнис организации.

Школата ја отвори  Марио Сепи, претседател на ЕЕСК, а  учесниците имаа можност и да учествуваат на Генералното собрание на ЕЕСК.

На школата учествуваат 18 учесници од седум земји од западен Балкан. Од Македонија учествуваа Лидија Групчева од Асоцијацијата на работодавачи, Атанас Урумов од Сојузот на синдикати на Македонија и Сашо Клековски од МЦМС.

Организираното граѓанско општество на ЕУ се среќава со западен Балкан

Школата е пилот и треба да води кон воспоставување на структурирана програма за обука (ЕЕСК – Летна школа) која ќе помогне на земјите кандидати и потенцијални кандидати да дојдат до модел на зголемена партиципација на граѓанското општество во формулација и спроведување на јавните политики.

Тоа вклучува и воспоставување на репрезентативни институции за социјално-економските партнери и граѓанското општество.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Организираното граѓанско општество на ЕУ се среќава со западен Балкан