Обука за раководење со проектен циклус - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за раководење со проектен циклус PDF Печати Е-пошта
Вторник, 26 мај 2009 10:32

Од 12 до 15 мај оваа година, во х. Молика во Битола, МЦМС ја спроведе обуката за раководење со проектен циклус. На обуката учествуваа 15 претставници од општините: Чашка, Велес, Конче, Прилеп, Лозово, Јегуновце и Радовиш.

Обука за раководење со проектен циклус

„За мене најкорисен дел од обуката беше конструирањето на дрвото на целите, работењето на позитивните примери како и работата во групи, односно практичните вежби“, ни кажа Снежана Дервишова, виш соработник во Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура од Велес. „Знаењето и вештините стекнати со оваа обука сметам дека ќе ги применувам во моето секојдневно работење. Што се однесува до тимот кој ја спроведе обуката сметам дека се потрудија да одговорат на сите наши прашања и ситни проблеми со кои се соочувавме во текот на обуката, што ме наведе да заклучам дека се одлични обучувачи со високи стандарди. Во групата која беше на обуката имаше одлична клима за работа, а воедно, морам да напоменам дека доколку ми се отвори можност, секако, би земала учество на било која обука која ќе биде организирана и спроведена од МЦМС“, додаде Дервишова.

За Лидија Пљакова, соработник за ЛЕР од Општина Чашка, обуката беше од голема корист. За неа особено корисни беа деловите од обуката кои се однесуваа на идентификацијата на проблемите, креирањето на буџети за проекти, конструирањето на логичката рамка, како и практичните вежби. „Материјалите со кои располагавме на обуката беа со јасна и концизна содржина, прилагодени на секого од присутните на обуката. Во групите имаше одлична атмосфера за работа. Доколку ми се отвори прилика, повторно би присуствувала на некоја друга обука“, рече Лидија.

На обуката учесниците имаа можност да научат нешто повеќе за фазите на проектниот циклус, успехот на проектот, креирање на дрво на проблеми и дрво на цели, логика на интервенција, буџетирање и алокација на ресурси, како и други теми значајни за подготовка и спроведување на еден проект.

Обуката ја спроведоа Миодраг Колиќ и Велнтина Чичева, обучувачи од МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за раководење со проектен циклус