Акциски планови за заедниците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Акциски планови за заедниците PDF Печати Е-пошта
Недела, 10 Февруари 2008 13:57

Акциски планови за заедницитеАкциските планови ја олеснуваат и осигуруваат реализацијата на задачите што ги има една организација. Без акциски план работата има тенденција да биде конфузна и некоординирана. Тешко е да се знае кој што требаше да направи и до кога. Некогаш работите не се завршуваат и никој не забележува додека не е предоцна. Акцискиот план се рацете кои водат кон ефикасна и ефективна реализација. Тој ќе ви одговори на прашањата: Што треба да се направи? Како ќе се направи? Кој ќе го направи? До кога мора да се направи? Кои ресурси се потребни за да се направи?

Оваа обука ќе ви овозможи да го подобрите разбирањето за важноста на акциското планирање за успешни проекти, да дознаете како се воспоставува Граѓански комитет, да дознаете како се идентификуваат проблемите на заедницата и другите прашања, да се оспособите да ги примените методите и алатките за Акциски план на заедницата и да дознаете како да го спроведете планот и последователните активности од него.

Содржина

  • Планирање, значење и важност на планирањето;
  • Основни принципи на планирањето;
  • Различни типови планови;
  • Соработка со локалните заедници (Јавно-приватно партнерство);
  • Граѓански комитети и нивно воспоставување;
  • Визија на заедницата;
  • Вклучување и учество на заедницата;
  • Идентификација на проблемите;
  • Дрво на проблеми;
  • Анализа на проблеми;
  • Дефинирање на приоритети;
  • Селекција на активности;
  • Подготовка на Акциски план;
  • Спроведување на Акциски план на заедницата;
  • Последователни активности и оценување.
 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Акциски планови за заедниците