Интеркултурно учење - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интеркултурно учење PDF Печати Е-пошта
Недела, 10 Февруари 2008 13:44

Интеркултурно учењеГлавен предмет на денешното општество е како да се справи со разликите? Како треба да ги распознаваме и оценуваме културните разлики и во исто време, да промовираме автентична културна интеграција и интегрален развој?

Меѓукултурните принципи се сконцентрирани на отвореност кон другите, активна почит кон разликите, меѓусебно разбирање, активна толеранција, неоспорување на постоечките култури, обезбедување еднакви можности и борба против дискриминацијата.
Запознавањето на меѓусебните култури претставува процес. Овој процес, бара да се познаеш себеси, и твоето потекло пред да можеш да ги запознаеш другите. Ова е предизвикувачки процес во кој се вклучени длабоко вкоренети идеи за тоа што е добро, а што е лошо, за структурата на светот и на твојот живот. Во  процесот на запознавање на меѓусебните култури, чувството за потребата да се држиме кон оние работи кои се земаат “здраво за готово” се доведува во прашање. Запознавањето на меѓусебните култури е предизвик за сопствениот идентитет – но може да стане начин на живеење и истовремено  начин на збогатување на сопствениот идентитет. Запознавањето на меѓусебните култури е еден индивидуален процес, и во суштина е во врска со тоа како да научиме да живееме заедно и како да научиме да живееме во разновиден свет. Вака сфатено запознавањето на меѓусебните култури е почетната точка за заеднички мирен живот.

Содржина

  • Концепти на култура и интеркултурно учење;
  • Идентитет;
  • Стереотипи и предрасуди;
  • Интеркултурно учење во практика (малцинства, културни малцинства, културни различности, вклучување наспроти дискриминација, исклучување, недостаток на толеранција, социјална кохезија)
  • Човекови права
 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Интеркултурно учење