Решавање на конфликти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Решавање на конфликти PDF Печати Е-пошта
Недела, 10 Февруари 2008 13:42

Решавање на конфликтиКонфликтите се неизбежен дел на нашето секојдневие. Ти е се составен дела на односите меѓу луѓето, па дури и меѓу оние кои многу си значат едни на други.

Луѓето се склони на конфликтите да гледаат исклучиво како на нешто што е многу лошо, негативно, нешто што треба да се избегне. Но, каков ќе биде исходот од конфликтот и дали тој нужно ќе ги влоши односите меѓу луѓето, зависи од тоа како приоѓаме кон нивното решавање. Со обуката за решавање на конфликти на МЦМС ви нуди можност да ги подобрите вашите вештини и способности во оваа област, да станете сензитивни на културните разлики и способни да ги премостите културните разлики во комуникацијата и решавањето на конфликти; да станете сензитивни на можните комуникациски бариери (пречки), способни да ги реформулирате конфликтите и да преговарате, да се запознаете со концептот на медијација и да се оспособите да ги примените техниките на медијација.

Содржина

  • Концептот на конфликти;
  • Стратегии за нивно разрешување
  • Компетитивно и колаборативно преговарање
  • Стилови во разрешување на конфликти
  • Комуникација во конфликти
  • Емпатија
  • Преговарање;
  • Елементи на преговарање
  • Стилови во преговарање.
 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Решавање на конфликти