Недела, 10 Февруари 2008 13:21 |
Финансиското раководење не е само чување на сметки. Тоа е важен дел од раководењето со програма и опфаќа планирање, организирање, контрола и набљудување на финансиските ресурси на организацијата. Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на алатките за финансиско раководење.
Оваа обука им обезбедува на учесниците знаења, практични вештини и самодоверба во интерпретацијата и употребата на финансиските информации со цел да се има поконструктивен инпут во сопствената организација/компанија.
Содржина
- Клучни компоненти на финансиско раководење
- Анализа на околина, цели, стратегии, улога на менаџери
- Клучни финансиски извештаи, нивната поврзаност и употреба на податоците
- Разлика помеѓу паричен тек, профит и нето добивка
- Раководење со трошоци
- Раководење со ликвидност и процеси на тендерирање
- Раководење со буџети и паричен тек
- Финансиски импликации на плановите и одлучувањето
- Ревизија и ефикасна употреба на ревизиите
- Идентификација на слабости во финансиски системи
- Сметководствени политики
- Основни принципи, терминологии и развивање на финансиска контрола
|