Санација од штети од поплави во Конче - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Санација од штети од поплави во Конче PDF Печати Е-пошта
Сабота, 07 Февруари 2009 13:52

На 4 декември 2008 година,  општината Конче беше зафатена од лошо време со поројни дождови што предизвика големи поплави и штети. Оштетени беа голем дел од патната и комунална инфраструктура, дел од индивидуалните и јавни објекти како и сите земјоделски површини. Заради невремето едно лице го загуби животот.

Санација од штети од поплави во Конче Ова предизвика отежнато одвивањето на редовната настава во ОУ Гоце Делчев – Конче. Тоа е единствено централно училиште во општина Конче во кое настава посетуваат 241 ученици од 6 села и тоа: Конче, Лубница, Габревци, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ и Ракитец. Покрај нив, во ова централно училиште работи персонал (40 вработени) кои доаѓаат од три населени места (7 од с Конче, 1 од с.Ракитец и 32 од Радовиш).

Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основното училиште.

Цел на проектот е создадени услови за нормален пристап и функционирање на училиштето.

Очекуван резултат од проектот е санирани патишта и комунална инфраструктура неопходна за нормално функционирање на ОУ Гоце Делчев, с.Конче.

Целна група на проектот се ученици од основно училиште. Директни корисници се  241 ученици и 40 лица персонал во училиштето.
Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во општина Конче.

Активност преку кои ќе се постигне овој резултат е расчистување на насипите од наноси и шут по патиштата, мостовите и пристапните делници со помош на механизација.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на целта на проектот е: обезбедени се и други финансии за санирање на штетите од поплавите. Претпоставка на ниво на резултат е да сите вклучени актери навреме и квалитетно ги отстранат штетите настанати од поплавата.

Информации за проектот ќе се достават до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС и Општина Конче.

Општина Конче има одговорност за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ќе ја спроведе општина Конче во блиска сорабока со ОУ Гоце Делчев, ЈКП Лакавица – Конче и ЈП Македонија пат – подружница Штип.

Во текот на спроведување на проектите МЦМС ќе врши мониторинг и набљудување на проектните активности. За надгелдување на санационите работи општина Конче ќе ангажиран сопствен стручен надзор кој ќе обезбеди техничко контролирање  на изведбата.

Можен ризик за спроведувањето на проектот е повторување на невремето за времетраење на активностите за расчистување што може да предизвика нови штети и проблеми во општина Конче.

Временскиот период на спроведување на проектот е од 11 до 30 декември 2008 год.

Буџетот изнесува 120.000,00 МКД. Средствата се алоцирани од фондот на Проектите за модернизација на образованието (ПМО).

Извршно резиме од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Санација од штети од поплави во Конче