Јас живеам овде - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јас живеам овде PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 ноември 2008 12:54

jas-ziveam-ovdeОпшта цел на проектот беше презентирање на принципите и заложбите на МЦМС.

Цел на проектот беше промоција на МЦМС и подигнување на јавнта свест. Позиционирањето на МЦМС како силна и активна граѓанска организација со силен интерес за подобра иднина на македонското општество како главна причина за нејзино постоење.

Целна група беа целните групи на МЦМС, медиумите, пошироката јавност и донаторите.

Стратегијата на кампања “Јас живеам овде” беше да се стимулира индивидуалноста како почеток на заедничките вредности, да се потенцираат сопствените (овдешни) вредности како реална основа како и одговорноста на секоја индивидуа посебно, признавајќи ги сите негови права и обврски.

Активности

Од страна на агенцијата “ЗипЗап” се подготви креативна стратегија која се состоеше од неколку елементи. Печатени метеријали и огласувања во медиумите.

Беа поставени 36 билборда во Скопје и низ Македонија и 15 билборди беа искористени по завршувањето на НВО Саемот – 3 форум на граѓанското општество во Македонија. Беа отпечатени 134.000 разгледници, 50.000 налепници, 4.000 постери, 1.000 календари, 1.000 роковници, 1.500 честитки, како и огласувања во медиумите со мотиви од кампањата.

Билборди

Во текот на декември, пред одбележувањето на денот на основањето на МЦМС (14.12.2003) беа поставени билборди низ целата држава заради информирање на пошироката општа јавност околу настанот. За искористување на билбордите од НВО Саемот, беа отпечатени 15 билборди кои беа поставени во Скопје во период од  01.12.-15.12.2003 г.

Во текот на месец декември беа поставени 15 билборди во Скопје, додека 21 низ цела Македонија. На билбордите беше отпечатен основниот мотив. Целна група беше општата јавност.

Печатење на промотивни материјали

Разгледници

Се испечатија 134.000 разгледници и беа наменети за пошироката јавност и беа дистрибуирани преку дневни весници (Вест, Факти, Дневник, Утрински весник), во списанијата Екологија, Вулкан, Студентски збор и Граѓански свет, како и дистрибуција во мрежата на Грал на 150 јавни места во Скопје. Разгледниците исто така беа дистрибуирани поединечно до сите целни групи  на МЦМС, како и деловните субјекти.

Налепници

Беа испечатени и 50.000 налепници и кои беа дистрибуирани преку “Граѓански свет” (3500 примероци), дневните весници (Вест и Старт), како и поединечно до сите целни групи на МЦМС, како граѓанските организации опфатени во Адресарот на граѓанските организации во Македонија, основни училишта, социјални установи, итн.

Постери

Беа испечатени 4.000 постери. Истите беа дистрибуирани до целните групи на МЦМС, општините, просториите на локалните канцеларии на СОЖМ и здруженија на пензионери, социјалните установи, училишта, синдикалните организации, донатори, деловни субјекти итн. За привлекување на поголем број на луѓе да бидат запознаени со кампњата, се налепија 450 постери на линиите на автобусите од ЈСП. Низ Скопје беа залепени 1.000 постери.

Календар

Беше отпечатен седмолистен календар со мотивите од кампањата, во тираж од 1000 примероци, каде главната порака, освен на македонски јазик, беше преведена и на другите јазици на заедниците (албански, турски, ромски, српски, влашки, бошњачки), како и на англиски и германски јазик. Календарот беше дистрибуиран до сите целни групи на МЦМС.

Роковник

Беше отпечатен роковник во тираж од 1000 примероци, каде на корицата на роковникот беше отпечатен мотивот од билбордот. Роковникот беше дистрибуиран до целните групи на МЦМС.

Честитки

Мотивот на билбордот беше искористен за печатење на честитки во тираж од 1500 примероци. Честитките беа испратени до целните групи на МЦМС. Името на кампањата “Јас живеам овде” беше преведена на сите јазици на заедниците, како и на англиски и германски јазик.

Огласувања во дневни весници

Поради поголема визуелизација на кампањата и да се достигне до што поголем број на целните групи беше откупен простор за огласување, каде беа користени мотивите од кампањата. Вкупно беа објавени 38 огласи во дневните весници и списанија, и тоа: Утрински весник, Дневник, Факти, Вест, Форум, Лоби, Капитал, Фокус, ТЕА, Жена, Заман и Рома Тајмс.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Јас живеам овде