МЦМС го поздравува донесувањето на стратегијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС го поздравува донесувањето на стратегијата PDF Печати Е-пошта
Четврток, 22 Февруари 2007 01:00

d2Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја поздравува и поддржува заложбата на Владата на Република Македонија за воспоставување подобра соработка и партнерство со граѓанскиот сектор и промовирање заедничката одговорност во развојот на заедницата и општествениот прогрес. МЦМС смета дека донесувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007 – 2011 го подржува духот на тие заложби. 
Она што го прави извесно спроведувањето на Стратегијата се Акциските планови. Креирањето на сеопфатни, концизни Акциски планови со конкретни временски рокови ја покажуваат решеноста на Владата да ја спроведе Стратегијата во следните пет години (2007-2011).

Во таа насока, МЦМС ја поздравува операционализацијата на дел од мерките од Стратегијата (како што е започнувањето на постапката за донесување на Законот за волонтерство).

МЦМС ја поттикнува Владата да ја интензивd1ира меѓусекторската соработка како една од планираните активности во Акциските планови. Во спроведувањето на ова и другите активности МЦМС, како организација на граѓанското општество, ја покажува својата добра намера да придонесе во тој процес. На овој начин, МЦМС очекува тие процеси да бидат консултативни во однос на граѓанскиот сектор. Препознавањето на заедничките интереси и признавањето на разликите, е битен предизвик за двете страни и Владата и граѓанскиот сектор.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС го поздравува донесувањето на стратегијата