Системски промени, транспарентност и млади со порака за посилно општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Системски промени, транспарентност и млади со порака за посилно општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 март 2026 12:48

Во првите три месеци од 2026 година, Цивика мобилитас продолжи да ги поддржува иницијативите кои го менуваат системот однатре, и тоа преку застапување, анализа и директна работа со граѓаните. Сториите објавени во јануари, февруари и март ја покажуваат широчината на граѓанскиот ангажман, опфаќајќи теми од дигитализација на државните регистри и борба против корупцијата, до младите кои бараат причина да останат дома.

Sredba za vmrezuvanje

Првата сторија ја отвора темата за еден долгогодишен институционален јаз: државата со децении немаше прецизен одговор на прашањето колку стипендисти има во странство, каде се тие и што работат откако ќе дипломираат. Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), преку проектот „Застапување за инклузивен развој" поддржан од Цивика мобилитас, го истражија проблемот и застапуваа за конкретна промена. Министерството за образование и наука го прифати предлогот за воспоставување на Централен дигитален регистар на стипендисти, алатка која ќе овозможи следење на академскиот и професионалниот пат на стипендистите и нивно поврзување со компании, универзитети и истражувачки центри во земјата. Сторијата испраќа порака дека инвестицијата во образование мора да биде придружена и со систем кој го задржува знаењето дома.

Прочитај ја сторијатаДали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?“

gemini generated image m9ynbhm9ynbhm9yn e1769262084818

Во февруари фокусот се сврте кон вистинските сопственици на компаниите и нивната улога во борбата против корупцијата. Поттикнати од глобалните случувања со „Панамските", „Рајските" и „Пандорините" документи, Центарот за граѓански комуникации, Активо од Велес и Здружението на даночни советници на Република Македонија, со поддршка на Цивика мобилитас, ги проверија можностите за вкрстено користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици со други бази на податоци, како алатка за откривање и спречување на корупцијата и злоупотреба на јавни средства. Анализата покажа дека и покрај формалното воспоставување на Регистарот пред пет години, неговиот потенцијал останува во голема мера неискористен. Наодите беа претставени на Тематскиот форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата, каде триесеттина претставници на клучните институции, медиумите и граѓанскиот сектор дискутираа за мерките и чекорите што можат да се преземат, меѓу кои и податокот дека 23 од 360 проверени функционери целосно или делумно сокриле податоци за сопственоста во фирми. Сепак, направен е чекор напред: само во првите три месеци на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) се објавени имињата на вистинските сопственици на повеќе од 3.000 фирми добитнички на јавен тендер.

Прочитај ја сторијатаЈавниот интерес пред скриената сопственост

dsc 0015 scaled e1771338441419

Мартовската сторија ги пренесува гласовите на младите од Полошкиот регион кои секојдневно се соочуваат со прашањето да останат или да заминат од земјата. Истражувањето спроведено во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот регион", од АДИ Гостивар, Центарот за едукација и развој Теарце, Институтот за лидерство и јавни политики Тетово и ИнСоК Тетово, со поддршка на Цивика мобилитас, направено со повеќе од 500 млади на возраст од 15 до 29 години од регионот, покажало дека половина од младите во Полог (50,4%) сметаат дека иселувањето најчесто се случува веднаш по завршувањето на средното образование, а главните мотиви се подобар животен стандард (80%) и подобри можности за вработување (78%). Сторијата потсетува дека младите не заминуваат затоа што сакаат, туку затоа што чувствуваат дека немаат избор.

Прочитај ја сторијатаСамо ни треба шанса!“.

ADI storija 18

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Системски промени, транспарентност и млади со порака за посилно општество