| Нова онлајн обука за Форми на граѓанско учество во донесување на одлуки на локално ниво - ГРЦ академија |
|
|
|
| Четврток, 29 јануари 2026 12:51 | |||
|
Академијата за граѓански организации на Граѓанскиот ресурсен центар е збогатена со нова онлајн обука на тема форми на граѓанско учество, механизми за ефективно учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво.
Обуката ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за партиципативна демократија, формите на граѓанско учество предвидени со Законот за локална самоуправа, други формални и неформални методи за граѓанско учество и за консултативните механизми за вклучување на граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Обучувачот Златко Талевски споделува добри практики и препораки за поголемо учество на граѓаните во прецесите на креирање политики. Што ќе научиш на оваа обука?
За кого е наменета оваа обука?
Потребни предзнаења?
Обуката е бесплатна и се состои од еден видео модул со времетраење од 15 минути со достапни ресурсни материјали и квиз за проверка на знаењето. Регистрирајте се за оваа обука на https://rcgo.mk/formi-na-gragansko-uchestvo-mehanizmi-za-efektivno-uchestvo-na-graganite-vo-donesuvanje-odluki-na-lokalno-nivo/
|