Перцепции на граѓаните за безбедноста |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 26 Февруари 2025 16:05 | |
Автор: Гонце Јаковлеска
Истражувањето е спроведено со телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 29 април до 13 мај 2024 година. Поголем дел од прашањата се засновани на искуствата и глобалните истражувања за социо-културните норми: Европската студија на вредности; Европскиот барометар; и Цивикус - Индексот на граѓанското општество. Другиот дел од прашањата се од претходните истражувања на МЦМС, кои ја испитуваа довербата и општествената одговорност на граѓаните. Анкетата беше спроведена од 29.04 до 13.05. 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки.
|