Граѓански импулс #1: месечен осврт на активностите на грантистите на Цивика мобилита |
Четврток, 30 јануари 2025 12:41 | |
Во декември, грантистите на Цивика мобилитас продолжија да покажуваат посветеност и ангажман на важни прашања кои го отсликуваат секојдневниот живот. Иницијативите кои ги покренуваат тие, не само што ги охрабруваат граѓаните да бидат активни учесници во создавањето на позитивни промени,туку и ја поттикнуваат свеста за значењето на родовата еднаквост, економското јакнeње на жените, еколошката одржливост и култура, кака и борбата против корупцијата. Во Пелагонискиот регион, Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, заедно со партнерите, СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкoто здружение за сите воздрасти, организираа Школа за родова еднаквост на која присуствуваа 20 учесници. Школата им овозможи да се стекнат со важни знаења и ресурси за правата на жените и девојките какко и за нивното активно учество во заедницата. Организациите вредно и посветено работеа и во Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Таму реализираа предавања за „Превенција за подобро здравје“, на кои најмалку 90 учесници ја проширија својата свест за важноста на здравјето и превентивата. Во Тетово пак, се случи наградување за постигнати претходни ангажмани. Свечено им беа доделени осум сертификати на курсистки кои успешно ја завршија обуката за „Козметичар-Естетичар“, како дел од програмата за економско јакнење на жените.Ова е само еден од примерите на грантистите на Цивика мобилитас насочени за ангажирање и создавање нови можности на жените, кои со нови стекнати вештини се вклучуваат на пазарот на труд и создаваат економска стабилност за себе и своите семејства. Беше одбележан и Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, кога Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Истражувањето открива дека надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици кои можат да бидат клучни во спречување криминал и корупција. Во меѓувреме, забележителен беше интересот на граѓаните од Полошкиот регион. Асоцијацијата за демократски иницијативи ги презентираше наодите од Истражувањето за причините и состојбата со миграцијата на младите, пред повеќе од 180 учесници, претставници на граѓански организации, совети на млади, претставници на локалните самоуправи, градоначалници, бизнис заедница, граѓани и млади. Во Источниот регион пак, се случи и потпишување на Меморандум за соработка во рамки на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ помеѓу Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница и општината. Со поддршката од локалната самоуправа ќе се понудат практични решенија за трансформативни промени во заедницата. И еве една од целите што сакаме да Ви ја откиреме: вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти, а верувам дека би сакале да ги дознаете и останатите. Еколошките иновациите продолжија да бидат во фокусусот на случувањата и во декември, преку работилниците за „Техники за трансформација на биоотпадот” од РЕЦ, ЕкоЛогик и Флорозон, во биотехнолошката лабараторија. Овој пат со учество на учениците од основното училиште ООУ „Војдан Чернодрински“ од Општина Карпош.Токму во декември, инспирирани од нивнните резултати подготвивме и сторија за ангажманот на овие млади ентузијасти . Продолжете да ги следите со нас новостите на грантисти на Цивика мобилитас и нивните успешни иницијативи.
|