Граѓански импулс #1: месечен осврт на активностите на грантистите на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански импулс #1: месечен осврт на активностите на грантистите на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 30 janar 2025 12:41

Во декември, грантистите на Цивика мобилитас продолжија да покажуваат посветеност и ангажман на важни прашања кои го отсликуваат секојдневниот живот. Иницијативите кои ги покренуваат тие, не само што ги охрабруваат граѓаните да бидат активни учесници во создавањето на позитивни промени,туку и ја поттикнуваат свеста за значењето на родовата еднаквост, економското јакнeње на жените, еколошката одржливост и култура, кака и борбата против корупцијата.

dekemvri 1

Во Пелагонискиот регион, Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, заедно со партнерите, СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкoто здружение за сите воздрасти, организираа Школа за родова еднаквост на која присуствуваа 20 учесници. Школата им овозможи да се стекнат со важни знаења и ресурси за правата на жените и девојките какко и за нивното активно учество во заедницата. Организациите вредно и посветено работеа и во Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Таму реализираа предавања за „Превенција за подобро здравје“,  на кои најмалку 90 учесници ја проширија својата свест за важноста на здравјето и превентивата. Во Тетово пак, се случи наградување за постигнати претходни ангажмани. Свечено им беа доделени осум сертификати на курсистки кои успешно ја завршија обуката за „Козметичар-Естетичар“, како дел од програмата за економско јакнење на жените.Ова е само еден од примерите на грантистите на Цивика мобилитас насочени за ангажирање и создавање нови можности на жените, кои со нови стекнати вештини се вклучуваат на пазарот на труд и создаваат економска стабилност за себе и своите семејства.

Беше одбележан и Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, кога Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Истражувањето открива дека надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици кои можат да бидат клучни во спречување криминал и корупција.

5

Во меѓувреме, забележителен беше интересот на граѓаните од Полошкиот регион. Асоцијацијата за демократски иницијативи ги презентираше наодите од Истражувањето за причините и состојбата со миграцијата на младитепред повеќе од 180 учесници, претставници на граѓански организации, совети на млади, претставници на локалните самоуправи, градоначалници, бизнис заедница, граѓани и млади.

Во Источниот регион пак, се случи и потпишување на Меморандум за соработка во рамки на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ помеѓу Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница и општината. Со поддршката од локалната самоуправа ќе се понудат практични решенија за трансформативни промени во заедницата. И еве една од  целите што сакаме да Ви ја откиреме: вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти, а верувам дека би сакале да ги дознаете и останатите.

Еколошките иновациите продолжија да бидат во фокусусот на случувањата и во декември, преку работилниците за „Техники за трансформација на биоотпадот” од РЕЦ, Еко Логик и Флорозон, во биотехнолошката лабараторија на СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје. Овој пат со учество на учениците од основното училиште ООУ „Војдан Чернодрински“ од Општина Карпош. Токму во  декември, инспирирани од нивнните резултати  подготвивме и сторија за ангажманот на овие млади ентузијасти. Во јануари пак, на едукативната работилница присуствуваа и учениците од ОУ Димитар Поп Георгиев – Беровски од општина Ѓорче Петров. Преку демонстративни експерименти научија како органскиот отпад од домаќинствата може да се преработи во корисни производи за фармацијата, козметиката и прехранбената индустрија и како отпадот може да стане ресурс и да се искористи во создавање на одржлива зелена иднина.

zelena agenda

Учениците од СОУ „28 Ноември“ пак, во рамките на проектот „Да учиме за климатските промени“, го посетија најпознатиот и најголем стопански капацитет во Општина Дебар — фабриката за гипс и гипсени производи „Кнауф“. Тие се запознаа со историјата и процесите на работа на фабриката, како и со  влијанието на нејзиното работење врз животната средина, при што беше нагласена важноста на намалувањето на штетните гасови и преминувањето на природен гас за работните процеси.

Во овој правец, Центарот за климатски промени ги сподели и податоците од нивната анализа „Предизвици во спроведувањето на политики поврзани со Зелена агенда за Западен Балкан“, која открива  сериозни пропусти во спроведувањето на законските обврски од општините за заштита на животната средина. Само 31% од општините имаат изработено Програма за јавна чистота, а од 81 само 11 општини со повеќе од 35.000 жители имаат План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Центарот за климатски промени, преку работилница во Пелагонискиот регион, во јануари успешно претстави и како општините од тој регион го градат патот до зелената револуција. На работилницата, учесниците работеа на откривање на проблемите поврзани со Зелена Агенда и предложија следни чекори за нивно решавање со акцент на едукација на граѓаните, декарбонизација и користење на обновливи извори на енергија.

Screenshot 2025 02 11 090510

Рурална коалиција, со поддршка од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21, во јануари ја организираше Првата заедничка менторска средба за зајакнување на капацитетите на општините за зголемена транспарентност и отчетност што е дел од проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“. Оваа иницијатива, која вклучува осум општини од осум региони, има за цел да го зајакне капацитетот на јавните службеници и да го унапреди нивниот труд за подобрување на транспарентноста и отчетноста. Менторската поддршка, е клучна за развојот на алатката мЗаедница, која ќе помогне во отворањето на општините кон граѓаните и зајакнување на нивната отчетност и ќе се спроведува во текот на јануари и февруари 2025 година.

Уште еден чекор е направен за развој на образовната политика во земјата со формирањето на неформалната мрежа на експерти, „КЛАСТЕР 3 и високообразовни реформи“. Форумот за разумни политики (ФРП) во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) започнаа со подготовка на анализи, извештаи за мониторинг и предлог-политики кои ќе ги усогласат високообразовните политики на Северна Македонија со Болоњскиот процес.

Продолжете да ги следите со нас новостите на грантистите на Цивика мобилитас и нивните успешни иницијативи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓански импулс #1: месечен осврт на активностите на грантистите на Цивика мобилитас