Започна спроведувањето „Острови на интегритет“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна спроведувањето „Острови на интегритет“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 септември 2024 09:43

За претставниците на 12 граѓански организации, грантисти на Цивика мобилитас, започнаа работилниците наречени „Острови на интегритет“ кои треба да го зајакнат персоналното чувство на интегритет и да резултираат со системски и организациски промени кои ќе ја зголемат отпорноста на корупција.

за пост МЦМС

Првите две, од циклусот на четири работилници се одржаа во септември. На 4 септември, за време на првата работилница, учесниците дознаа повеќе за концептите на интегритетот и корупцијата. Тие направија проценка на вредностите на личниот интгритет, а потоа и на културата на организацискиот интегритет. Ова беше и дел од нивните обврски за работа меѓу сесиите, да го споделат прашалникот со колегите и другите актери кои ја познаваат работата на организацијата, да ги сумираат податоците и подготват извештај за тоа. Што се однесува до корупцијата, беа споделени статистички информации за состојбата во земјава, а дискусијата се однесуваше на можните активности за справување со неа. Обучувачите ги воведоа во методологијата на „Островите на интегритет“ и формулата за корупција на професорот Роберт Клитгард.

за постт

Втората работилница беше посветена на општата и длабинската дијагноза на интегритетот и ранливоста на корупцијата на организациите. Низ четири прашалници, учесниците направија процена на нивоата на монопол, дискреција и транспарентност и отчетност во вкупно четири области: управување со финансии и средства, управување со човечки ресурси, спроведување проекти и испорака на услуги и управување и партнерства. Благодарение на оваа дијагноза, тие ги идентификуваа можните опасности од корупција и потоа, во длабинската дијагноза ги анализираа активностите кои се ранливи на корупција. Во следните денови, до третата работилница, учесниците ќе ги споделат прашалниците со своите колеги и другите актери поврзани со организацијата за да добијат поширока перцепција на овие прашања.

za post 2 edited 2048x1151

Работилниците изобилуваа со дискусии, а учесниците ги оценија како корисни и инспиративни. Во оваа фаза од спроведувањето на „Острови на интегритет“ вклучени се организациите Хера, Про Локал, Центарот за ресурси во животната средина, Центарот за климатски промени, Центарот за граѓански иницијативи, Младински образовен форум, Форумот за разумни политики, Гласен Текстилец, Промо Идеа Струмица, ЦМА-Крик, Рурална Коалиција и ИнСок Тетово.

Цивика мобилитас ја разгледува можноста за уште еден циклус од обуките во кој ќе бидат вклучени заинтересираните организации кои не се дел од овој циклус.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна спроведувањето „Острови на интегритет“