Покана за учество на дебата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за учество на дебата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 август 2024 14:45

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на дебатата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“, која ќе се одржи на 4 септември 2024 година (среда) со почеток од 10 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје. Пријави се!

debata 20241

Развиено граѓанското општество придонесува за зајакнувањето на демократските вредности и ја поттикнува граѓанската свест. За да можат граѓанските организации да одговорат ефикасно на општествените предизвици и потребите на граѓаните, потребна е функционална соработка со Владата и институциите. Во тек е спроведување на четвртата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024), која треба да обезбеди поттикнувачка и одржлива околина за непречено функционирање и независно делување на граѓанските организации. Само ваквите организации придонесуваат во зајакнување на демократското управување, ги рефлектираат интересите и потребите на граѓаните и се вклучуваат во структурниот дијалог.

Со овој настан би поттикнале дискусија и за спроведувањето на Стратегијата, функционирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, државното финансирање за граѓанските организации и низа други релевантни прашања. Заклучоците од дебатата ќе се фокусираат на следните потребни чекори и активности важни за зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанските организации.

На дебатата се поканети претставници од граѓанските организации, државните институции, донаторската заедница и други релевантни чинители.

За повеќе информации и пријавување учество посетете ја објавата на ГРЦ

 

Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Покана за учество на дебата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“