Злоупотреба на државни ресурси и нејзините последици врз демократијата и изборниот интегритет во Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Злоупотреба на државни ресурси и нејзините последици врз демократијата и изборниот интегритет во Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Четврток, 08 август 2024 09:48

Овој документ за јавни политики ја испитува злоупотребата на државните ресурси и нејзините импликации врз демократското владеење и изборниот интегритет на Западен Балкан.

election integrity

Според дефиницијата на ОБСЕ, злоупотребата на држани ресурси е „несоодветната предност што ја добиваат одредени партии или кандидати, преку користење на нивните официјални позиции или конекции со владини институции, за да влијаат врз исходот на изборите“. Односно, незаконско присвојување или неправилно користење на државните средства, фондови, објекти, работен кадар и/или какви било други ресурси за лични, политички или неовластени цели.

Како форма на несоодветно однесување, злоупотребата на државните ресурси ја поткопува транспарентноста, отчетноста и доброто владеење. Некои релевантни меѓународни стандарди се: UNCAC: Криминализира проневера и присвојување од страна на јавни службеницич Венецијанска комисија: Се залага за државна неутралност на изборите и еднакви можности за сите кандидати; Совет на Европа: Обезбедува правична дистрибуција на државната поддршка и ги забранува донациите од субјектите под државна контрола и ОБСЕ/ОДИХР: Забранува злоупотреба на административни ресурси на избори и обезбедува непристрасно покривање на изборите од државните медиуми.

election integrityЗлоупотребата на државните ресурси продолжува да биде широко распространетo и неодложно прашање низ Западен Балкан, што бара повеќестран пристап кон ублажувањето и ја нагласува потребата и за регионална соработка и за стратегии специфични за земјата.

  1. Зајакнување на правните и институционалните рамки: Земјите од Западен Балкан треба да ги зајакнат своите правни и институционални механизми за ефикасно справување со злоупотребата на државните ресурси.
  2. Развивање на насочени стратегии за анти-ЗДР: Имајќи предвид дека ЗДР е форма на корупција, земјите од Западен Балкан треба да формулираат долгорочни антикорупциски стратегии, вклучувајќи специфичен фокус на спречување на злоупотребата.
  3. Соработка со ГО: Институциите кои се справуваат со ЗДР треба да соработуваат со граѓанските организации за да ги идентификуваат злоупотребите, да промовираат практики на добро владеење и да развијат стратегии против ЗДР.
  4. Соработка помеѓу ГО: Граѓанските организации специјализирани за набљудување избори и антикорупција треба да имаат поблиска соработка, споделувајќи увиди и добри практики за борба против ЗДР во нивните земји.
  5. Напори за застапување: Фокусирање на ефективно застапување засновано на докази со клучните засегнати страни, како на основа на секоја земја, така и како регионален напор за застапување.
  6. Спроведување на сеопфатни кампањи за подигање на свеста во повеќе сектори: Земјите од Западен Балкан треба да спроведат иницијативи за подигање на свеста насочени кон пошироката јавност, државните службеници и новинарите.

Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Злоупотреба на државни ресурси и нејзините последици врз демократијата и изборниот интегритет во Западен Балкан