Злоупотреба на државни ресурси и нејзините последици врз демократијата и изборниот интегритет во Западен Балкан |
Thursday, 08 August 2024 09:48 | |||
Овој документ за јавни политики ја испитува злоупотребата на државните ресурси и нејзините импликации врз демократското владеење и изборниот интегритет на Западен Балкан. Според дефиницијата на ОБСЕ, злоупотребата на држани ресурси е „несоодветната предност што ја добиваат одредени партии или кандидати, преку користење на нивните официјални позиции или конекции со владини институции, за да влијаат врз исходот на изборите“. Односно, незаконско присвојување или неправилно користење на државните средства, фондови, објекти, работен кадар и/или какви било други ресурси за лични, политички или неовластени цели. Како форма на несоодветно однесување, злоупотребата на државните ресурси ја поткопува транспарентноста, отчетноста и доброто владеење. Некои релевантни меѓународни стандарди се: UNCAC: Криминализира проневера и присвојување од страна на јавни службеницич Венецијанска комисија: Се залага за државна неутралност на изборите и еднакви можности за сите кандидати; Совет на Европа: Обезбедува правична дистрибуција на државната поддршка и ги забранува донациите од субјектите под државна контрола и ОБСЕ/ОДИХР: Забранува злоупотреба на административни ресурси на избори и обезбедува непристрасно покривање на изборите од државните медиуми. Злоупотребата на државните ресурси продолжува да биде широко распространетo и неодложно прашање низ Западен Балкан, што бара повеќестран пристап кон ублажувањето и ја нагласува потребата и за регионална соработка и за стратегии специфични за земјата.
|