Мобилниот Ресурсен Центар на средба со активистите и младите од Општина Конче - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мобилниот Ресурсен Центар на средба со активистите и младите од Општина Конче PDF Печати Е-пошта
Среда, 17 јули 2024 14:29

На 15.07.2024, Мобилниот Ресурсен Центар ја посети Општина Конче и оствари средба со претставници на граѓанското општество, младите и локалната самоуправа. На средбата се разговараше за нивните идеи за организирање на активности, настани, акции, а се заклучи и дека постои интерес од општината за поддршка на граѓанските организации и на младите, за спроведување со локалните предизвици и реализирање на нивните иницијативи. Посебен акцент беше ставено на поддршка на младински иницијативи, со цел спречување на миграцијата која е особено актуелна.

0 02 05 4607fc2dbd7c5a3b607eada37f956d3e13b7fcb1acbf15dee32e353ef4286cef 4cbfe275d4c48e46 1 MCMS

Дел од предизвиците со кои се соочуваат локалните организации и младите во Општина Конче е нивната слаба информираност и слабите капацитети и знаење. Локалните организации од оваа мала општина, како и останатите мали рурални средини, имаат потреба од обуки за подобрување на капацитетите во повеќе области, како што се вештини за пишување на проекти и генерирање фондови, управување со ГО, стратешко планирање но и дигитални вештини. Присутните укажаа и на слабата информираност за можностите и условите за формализирање на нивното здружување заради организирање на активистите и спроведување акции за подобрување на животот во овие рурални средини како и обезбедување на одржливост.

0 02 05 774e35fce81ba416b093ae06c24897df2fa5434d9f21985598d755d387b624a9 4a0436722adb724f 1 MCMS

На средбата учествуваше и градоначалникот Златко Ристов кој покажа интерес и отвореност за соработка и поддршка на локалните организации и активистите. Беше истакнато дека во моментот е важно да се опреми просторијата која организациите ја имаат на располагање и ја користат за состаноци и размена на идеи.

Во контекст на презентираните предизвици, од страна на претставниците на Граѓанскиот Ресурсен Центар присутните беа информирани за можностите и услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар како алатката Хелп деск (Help desk), користење на бесплатниот простор во Штип, Гостивар и Скопје за организирање на настани, споделување на информации релевантни за организациите итн. Беше презентирана и можноста за градење капацитети, онлајн обуки достапни на https://rcgo.mk/akademija/, како и финансиска и ресурсна поддршка.

0 02 05 042a34395f1edf07859e7a2bd3000ddbd6555e0f4bed88b7a7f8db235f517326 8644da85911d2fa 1 MCMS

Граѓанскиот Ресурсен центар следејќи ја својата мисија, ќе дава поддршка на граѓанските организации, кои се гласот на граѓаните и суштинскиот чинител на демократијата, за да бидат ефективни, отчетни и одржливи независни чинители.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Мобилниот Ресурсен Центар на средба со активистите и младите од Општина Конче