Кој ја води борбата против дискриминацијата во Македонија и регионот? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кој ја води борбата против дискриминацијата во Македонија и регионот? PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 март 2023 15:53

Телата за еднаквост во регионот се главните шампиони и институционални борци во промоцијата и заштитата на еднаквоста и недискиминацијата. Тие се јавни институции кои им помагаат на жртвите од дискриминација и придонесуваат да се развива свеста за правата и општественото вреднување на еднаквоста помеѓу граѓаните и различните групи на граѓани. Овие јавни институции (иако со различни називи и различна внатрешна структура на одлучување) ја сочинуваат главната мрежа за одговор на неправедниот третман и недискриминација во регионот. Тие имаат посебна улога за разлика од извршната власт и граѓанските организации и гарантираат дека еднаквиот третман ќе се почитува следејќи ги следните законски надлежности: 

  • прифаќање на претставки/поплаки од секој што доживува дискриминација;
  • иницирање и/или замешување во судски постапки за заштита од дискриминација;
  • собирање и следење на податоци за еднаквост;
  • спроведување на истражувања за еднаквоста во општеството;
  • давање препораки и мислења до креаторите на политиките и законодавците;
  • подигање на свеста за еднаквоста и почитување на човековите права;
  • поднесување на годишен извештај за својата работа до органите надлежни за следење на работата на овие тела;
  • и друго. 

Секој има право да живее исполнет живот со достоинство без разлика на возраста, полот, сексуалноста, родовиот идентитет, националноста, етничката припадност, религијата, политичко уверување, боја на кожа, образование или која било друга основа. А телата за еднаквост имаат законска надлежност да реагираат и одлучуваат на секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторските основи. 

MCMS Infografic Diskriminacija

На овој краток инфографик низ бројки (претставки против дискриминација) ви ја претставивме работата на телата за еднаквост за 2021 година во пет држави од регионот: Северна Македонија, Албанија, Србија, Хрватка и Црна Гора. Од инфографикот може да увидиме дека не секоја поднесена претставка е основ за да се утврди дискриминација, но бројот на поднесени претставки е индикатор за нивото на довербата кои овие тела ја уживаат од страна на граѓаните. 

Во борбата против дискриминација потребни се заеднички напори од сите актери, а телата за еднаквост се особено важни како независни и самостојни државни институции кои нудат брз и објективен одговор пред граѓаните и правните субјекти. 

Инфографикот е изработен во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација за извршува својата превентивна и заштитна улога“ која ја спроведува МЦМС, а финансиски е подржана од Европската Унија. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кој ја води борбата против дискриминацијата во Македонија и регионот?