Мрежата СЕЛДИ продолжува со регионални активности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мрежата СЕЛДИ продолжува со регионални активности PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 јануари 2023 09:20

На 12 јануари 2023 година, онлајн се одржа првиот годишен координативен состанок и првиот состанок на проектот „ Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување брз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет) “. На состанокот учествуваа 17 претставници од 7 организации членки на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ, како и проектниот тим од МЦМС.

image1 MCMS

„Со проектот ќе се стремиме да ја подобриме партиципативната демократија и процесот на приближување кон ЕУ преку консолидирање и зајакнување на влијанието на граѓанското општество во креирање политики и реформски процеси во регионот на Западен Балкан во областа на антикорупцијата, владеењето на правото и доброто владеење .“, рече Александар Кржаловски, директор на МЦМС и додаде дека ова е трет во низата проекти за СЕЛДИ финансирани од Европската Унија.

Јасмина Ристовска, проектен коордиантор го презентираше работниот план: „Во периодот што претстои ќе биде  подготвен повикот за доделување на мали грантови на тнр. грас-рут и мали организации кои работат во областа на антикорупцијата; ќе се направат подготовките за спроведување на системот за следење на корупцијата; ќе се подготви краток документ за јавни политики и ќе се работи кон подготвителни активности за имплементирање на методологија која ќе го дијагностицира феноменот на заробена држава“.

image2 MCMS

Проектот го координира МЦМС, а се спроведува во соработка со шест организации од регионот. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Мрежата СЕЛДИ продолжува со регионални активности