Регионален извештај за антикорупција на СЕЛДИ: Интегритетот на владеењето и понатаму се соочува со сериозен стрес во земјите од Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален извештај за антикорупција на СЕЛДИ: Интегритетот на владеењето и понатаму се соочува со сериозен стрес во земјите од Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 октомври 2022 09:27

Интегритетот на владеење се соочува со сериозен стрес во Западен Балкан, додека околината за дејствување на граѓанското општество дополнително се намали како резултат на војната во Украина, која ги зајакна автократските сили во регионот“, се вели во најновиот регионален извештај за проценка.

RAR cover 212x300

Во извештајот објавен од Мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), насловен „Геополитика, заробена држава и врв на корупцијата: Што е следно во борбата против антикорупцијата во земјите од Западен Балкан?“, се потенцира дека способноста на демократските системи да ја издржат нестабилноста во голем дел зависи од отсуството на корупција и непотизам во јавниот сектор.

Оваа годишна, длабинска дијагностика на корупцијата и празнините во управувањето во регионот покажа дека корупцискиот притисок се зголемил на Западен Балкан од 2010.

Во извештајот се забележува дека антикорупциската агенда на Западен Балкан треба да започне со премисата дека, во многу области, корупцијата еволуирала од едноставно отстапување во работењето на одредена јавна институција, во стабилен модел на институционално однесување кое е отпорно на спроведување на генерализирани антикорупциски политики.

Понатаму, покажува дека заробувањето на државата сè уште има потешкотии да се препознае како прашање во официјалната политика, што се покажува со фактот дека тоа не е споменато во ниту еден од антикорупциските планови на регионот.

Новите закони и регулативи се насочени кон конкретни (и сè пософистицирани) форми на корупција (конфликт на интереси, лобирање, потекло на средства), што е напредок кој треба да се поздрави. Од друга страна, спроведувањето на политиките најчесто сè уште им се доверува на антикорупциски институции од едношалтерски тип. Ваквата ситуација ги доведува овие тела на изложеност на ризик од тоа да бидат преоптоварени и заробени од посебни интереси, поради што многу често тие стануваат контрапродуктивни по првите неколку години од своето работење.

Покрај тоа, нагласен е проблемот дека со заробување државните функции, специјализаираните антикорупциски  тела се изложени на ризик да бидат пренаменети од страна на олигархиските кругови во институции за покривање на коруптивни шеми и за прогон на противниците. Наједноставниот метод со кој ова се прави е изборот и назначувањето на раководството и службениот персонал во овие институции. Ако се вели дека непотизмот е распространет во јавните служби во земјите од Западен Балкан, тогаш екипирањето на институциите кои се задолжени за борба против корупцијата треба да биде предмет на особено строги професионални барања и на политички проверки и рамнотежи. Интегритетот на таквите институции треба периодично да се оценува и да се дава отчет во парламентите.

Неусогласеноста помеѓу големиот број на антикорупциски комитети, агенции, совети и голем број закони (за кои сите се претпоставува дека е оправдано да ги има поради сериозниот проблем со корупција), од една страна, и бројот на случаи кои успеваат да стигнат до пресуда, од друга страна, е нешто што треба јасно да се покаже. Ова исто така треба внимателно да се разгледа со цел да се разберат и решаваат факторите кои придонесуваат за тоа.

Друг проблем кој го бележи извештајот е дека повеќе од една деценија, законодавството во земјите од Западен Балкан се обидува да фати чекор со иновациите во коруптивните практики кои се применуваат во јавните набавки. 

Покрај тоа, во извештајот се забележува дека антикорупциските реформи се надгледувани и водени од владата, која треба да преземе реформи.  Кога се вклучени, граѓанските организации често се присутни со цел да се каже дека, ете, се запазила „инклузивноста“, наместо да бидат почитувана заинтересирана страна.  Многу примери на маргинализација, па дури и непријателство кон ГО се показатели за заробување на државата. Дополнително, се истакнува дека „покриеноста на корупцијата, иако генерално е подобрена, сепак не може да послужи како врска помеѓу јавното барање за интегритет и реалните казни или реформи“. Високата распространетост на заплашување на новинарите кои покриваат корупција во Западен Балкан е причина за голема загриженост – политички притисок, а вербалните и физичките напади врз медиумите не се невообичаени.

 Понатаму беше истакнато дека напорите за градење држава и антикорупција се тесно поврзани. Треба да се користат геополитички размислувања за да се забрза процесот на пристапување, а не да се игнорира корупцијата и ранливоста на државата во западниот Балкан. 

Невладините организации, здруженија, синдикатите, академската заедница, медиумите и другите граѓански актери треба да станат интегрален дел од целиот антикорупциски циклус – од дизајнирање политики до следење на нивната имплементација, поддржани преку независен локален механизам за финансирање“, се потенцира во извештајот. Покрај тоа, во моментов, и националните влади и меѓународните набљудувачи ги засноваат своите проценки за успехот во борбата против корупцијата врз административни цели. Тие се повеќе заинтересирани за влезните индикатори отколку за излезните индикатори, т.е. реалното влијание.

Извештајот заклучува дека „треба да се заснова веродостојна антикорупциска кампања врз антикорупциски мерки засновани на докази“.

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален извештај за антикорупција на СЕЛДИ: Интегритетот на владеењето и понатаму се соочува со сериозен стрес во земјите од Западен Балкан