Мрежата СЕЛДИ го подготви 60 билтен за антикорупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мрежата СЕЛДИ го подготви 60 билтен за антикорупција PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 декември 2021 11:44

Во новиот билтен на СЕЛДИ може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и одбележувањето на Меѓународниот ден за антикорупција- 9 декември.

newsletter 60

Дополнително прочитајте за перцепциите на граѓаните за состојбата со корупцијата, визиите за иднина, настаните кои ги организираа организациите членки на СЕЛДИ како и корупциските случаи кои се во тек во државите.

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Мрежата СЕЛДИ го подготви 60 билтен за антикорупција