Извештај за проценка на корупцијата - ниво на корупција 2021 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за проценка на корупцијата - ниво на корупција 2021 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 07 декември 2021 13:46

Автор: Јасмина Ристовска, Наташа Димова
Датум: декмври 2021
PDF: izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-nivo-na-korupcija-2021.pdf

final korica seldi 2021 1Во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, МЦМС го објавува вториот „Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија“. Извештајот е заснован на Системот за следење на корупцијата (ССК) кој за првпат беше спроведен во Северна Македонија во 2001 година во рамките на споредбената анализа на корупцијата во Југоисточна Европа спроведена од страна на мрежата на граѓански организации „Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ - СЕЛДИ (Southeast Leadership for Development and Integrity - SELDI).

Целта на овој извештај е врз основа на видувањата и искуството на граѓаните да се прикажат состојбите, динамиката и трендовите со корупцијата во Северна Македонија, како и перспективата и потенцијалот за нејзино сузбивање.

Наодите од истражувањето укажуваат дека перцепциите за корупцијата се намалиле во однос на претходните бранови на истражување (споредбено особено со 2019 година) но нивоата на коруптивен притисок и вклученост во корупцијата се зголемени. Македонската јавност се помалку ја прифаќа корупцијата како општествена норма. Голем број професии се перципирани како високо-корумпирани, а корупцијата е широко навлезена во голем број сектори и пред сè во оние кои се клучни за справување со корупцијата. Оптимизмот во однос на можноста да се справиме со корупцијата е сличен како во 2019, со високи вредности на песимизам дека нешто може да се стори на ова поле.

Во овој извештај прикажан е описот на применетата методологија и е даден детален преглед за искуството, свесноста и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, а презентирано е и видувањето за потенцијалот за справување со корупција. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Извештај за проценка на корупцијата - ниво на корупција 2021