МЦМС го подготви осмиот извештај за овозможувачката околина за развој на ГО - 2020 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС го подготви осмиот извештај за овозможувачката околина за развој на ГО - 2020 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 11 ноември 2021 15:23

2020 monitoring matrix on enabling environment for civil society developmentМЦМС и оваа година го подготви осмиот „Извештај за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Република Северна Македонија во 2020“. Следењето се заснова на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество, развиена од претставници на организации членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН). 

Граѓанското општество во 2020 г. дејствуваше во релативно овозможувачка околина. Почетокот на 2020 година не навестуваше дека ќе ја имаме една од најголемите кризи со кои се соочи светот во последните децении, што ќе има сурово и многу големо влијание врз целиот свет, вклучително и нашата земја.

Распределбата на приходот од игрите на среќа и забавните игри за ГО сѐ уште не е зголемена и се распределува меѓу многу мал број на организации.  Исто така, нема напредок во однос на обезбедување институционална поддршка на ГО. Сѐ уште, не постојат можности за повеќегодишно финансирање, ниту пак има кофинансирање за ЕУ и други проекти.

Ако во 2019 година имаше значајно вклучување на ГО во процесите на креирање јавни политики и донесување закони преку различни форми на вклучување (електронски консултации, работни групи, консултации, итн.), 2020 година и почетокот на кризата со КОВИД-19 ни покажа различна слика.

Во пракса, соработката помеѓу Владата и ГО е подобрена, како и ефективноста на консултациите. Имено, 82% од вкупниот број предлог -закони беа консултирани преку ЕНЕР, а за 89% од нив беше испочитуван минималниот рок од 20 дена за консултации. Според истражувањето, 61,3% ГО соработувале со државни институции во изминатата година. Вкупно 48,5% од ГО што одговорија во истражувањето беа вклучени во процесите на креирање политики и донесување закони. Сепак, постои потреба за понатамошно подобрување на ефективноста во консултациите. 

Покрај тоа, 2020 година покажа дека државата нема механизми за соработка при креирање закони/политики во кризна/вонредна состојба и соработката варира од една до друга институција.

Според истражувањето, во врска со протокот на информации помеѓу Советот и ГО, 50,9% од ГО се информирани за работата на Советот, додека 30,7% не се. Ова е намалување во споредба со истото истражување за 2019 година кога 61,3 % од граѓанските организации изјавија дека се информирани за работата на Советот. Понатаму, истражувањето покажа дека процентот на граѓански организации кои велат дека претставниците на ГО во Советот се консултираат со нив за актуелни прашања е сосема ист со процентот на оние што не се консултирани (41,6%). Конечно, 47% од испитаниците се согласуваат, а само 4% во целост се согласуваат со изјавата дека одлуките на Советот се базираат на препораките и придонесот на ГО.

Извештајот ги следи состојбите во околината во која дејствува граѓанското општество во рамките на трите клучни области:

  1. Основни загарантирани законски слободи;
  2. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  3. Односот меѓу Владата и граѓанските организации.

 Автори на извештајот се Снежана Камиловска Трповска, Валентина Величковска и Јасмина Чаушовска.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС го подготви осмиот извештај за овозможувачката околина за развој на ГО - 2020