Доделени шест нови мали грантови за граѓанските организации |
Понеделник, 26 април 2021 10:55 | |||
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021. Беа доставени 57 апликации, од кои шест организации се добитници на мал грант, и тоа:
Проектите на новите грантисти ќе се спроведуваат во шест различни сектори, а се однесуваат на човекови права, лица со посебни потреби, толеранција, животна средина и природни ресурси, владеење на правото и образование, наука и истражување. Избраните организации се од различни региони во РС Македонија односно од скопскиот, југозападниот, источниот и вардарскиот регион и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво. Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.796.340 МКД.
|