Граѓаните се песимисти за излезот од кризата предизвикана од Ковид-19 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се песимисти за излезот од кризата предизвикана од Ковид-19 PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 април 2021 14:03

Околу две третини од граѓаните (74,6%) се загрижени од моменталната состојба предизвикана од Ковид-19.  Демографски гледано, етничките Македонци (79,9%) и припадниците на другите заедници (74,2%) се позагрижени од етничките Албанци (59,8%). Во поглед на регионите, жителите на Пелагонија се најзагрижени (85,5%) за кризната состојба. Ова го покажа последното истражување на МЦСМ „Ковид-19 – една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ спроведено од агенцијата М-Проспект во периодот од 12 до 17 март 2021 година на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници. 

edna godina kovid 19 1

Истражувањето покажа дека мнозинството граѓани се песимисти за последиците од кризата од Ковид-19, односно 63,5% сметаат дека најлошото допрва доаѓа. Жените се попесимистични од мажите. Етничките Македонци (71,2%) се попесимистични од етничките Албанци (43,0%). Најголем број од испитаниците (43,6%) сметаат дека кризата од пандемијата воопшто не е под контрола. Вкупно 5,0% од испитаниците сметаат дека е под контрола се 5,0%. Мнозинство од етнич-ките Македонци (51,0%) смета дека кризата воопшто не е под контрола за разлика од двојно помалиот број етнички Албанци или 25,3% и околу една третина од припадниците на другите заедници (34,8%).

Во поглед на потеклото на вирусот, мнозинството испитаници (72,0%) сметаат дека е намерно или случајно излезен од лабораторија. Во однос на истражувањето од мај 2020 година, се намалил бројот на оние кои сметаа дека вирусот не постои (од 10,3% на 3,3%). 

365 kovid normalaГолемо мнозинство (70,7%) од испитаниците лично познаваат некој кој бил во болница или починал од Ковид-19. Околу осум од десет етнички Македонци (80,8%) познаваат лично некој кој бил во болница или починал од Ковид-19. Кај другите етнички заедници тој процент е 71,2%, а најнизок е кај етничките Албанци од кои 42,6% одговориле на прашањето со „да“. Вкупно 20,1% од испитаниците биле заразени со корона вирусот во изминатава година, односно, секој петти, што е повисока бројка од официјалната статистика на заразени граѓани. Големо мнозинство од 75,1% се загрижени дека тие лично ќе се заразат со корона вирусот. Загриженоста пораснала од претходното истражување во мај 2020 година кога изнесувала 60%. Етничките Македонци се позагрижени (82,5%), од припадниците на другите заедниците (75,9%), а особено од етничките Албанци (54,4%). Мнозинство од граѓаните (66,2%) се загрижени дека може да го шират коронавирусот без да знаат. За разлика околу една третина кои не се загрижени за оваа можност. 

Околу една третина од граѓаните (34,0%) планираат да им се вратат на пред-пандемиските активности по вакцинирањето, откако официјалните лица ќе кажат дека тоа е безбедно. Најголем број граѓани се чувствуваат комфорно при одење во продавница (60,2%). Во сите други активности, мнозинство или големо мнозинство не се чувствуваат комфорни. Особено за посетите на спортски и културни настани во затворено и посетите на забави со многу луѓе каде негативниот одговор го избрале 81,6%, односно 80,6% од испитаниците.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните се песимисти за излезот од кризата предизвикана од Ковид-19