Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 јануари 2021 15:14

Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

dodeleni 4 mak

Во текот на шестиот квартал, односно од 01.10.2020 до 31.12.2020 беа доставени вкупно 58 апликации, од кои четири организации се добитници на мал грант.

Добитници се следните организации:

  • Здружение на граѓани Центар за Управување со Знаење Скопје со проектот „Надминување на јазот во дигиталните вештини на државната и јавната администрација (е-Администрација)“;
  • Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР Охрид со проектот „Младинско еко лето“;
  • Здружение Македонско-Хрватско друштво Тетово со проектот „За чиста и здрава вода, стоп на загадувањето на водата“;
  • Друштво за помош на лица со посебни потеби ЗРАК со проектот „Умеам, можам, креирам, творам“.

Проектите на новите грантисти ќе се однесуваат на деца, млади и студенти, родови прашања, образование, наука, истражување и животна средина.

Избраните организации се од различни региони во Р.С.Македонија односно од скопскиот, полошкиот, југозападниот и вардарскиот и истите за прв пат се грантисти на програмата Цивика мобилитас. Акциите ќе се спроведуваат на локално, регионално и национално ниво во период од шест до девет месеци.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој повик изнесува 1.226.100 денари.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации