Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации |
E premte, 29 janar 2021 15:14 | |||
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02). Во текот на шестиот квартал, односно од 01.10.2020 до 31.12.2020 беа доставени вкупно 58 апликации, од кои четири организации се добитници на мал грант. Добитници се следните организации:
Проектите на новите грантисти ќе се однесуваат на деца, млади и студенти, родови прашања, образование, наука, истражување и животна средина. Избраните организации се од различни региони во Р.С.Македонија односно од скопскиот, полошкиот, југозападниот и вардарскиот и истите за прв пат се грантисти на програмата Цивика мобилитас. Акциите ќе се спроведуваат на локално, регионално и национално ниво во период од шест до девет месеци. Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој повик изнесува 1.226.100 денари.
|