Кои се пречките, а кои се решенијата за подобри односи меѓу Македонија и Бугарија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кои се пречките, а кои се решенијата за подобри односи меѓу Македонија и Бугарија PDF Печати Е-пошта
Петок, 13 ноември 2020 19:24

Постои голем интерес кај граѓаните за дискусиите кои се однесуваат на барањата на Бугарија за отстапки од Македонија кои го засегаат јазикот и потеклото, а во светло на евроинтеграциите на земјата. Мнозинство од испитаниците (60,7%) постојано или повремено ја следат дискусијата. Интересот за темата расте со возраста на испитаниците и тоа од 37,1% кај оние на возраст од 18 до 29 години, до 81,8% кај граѓаните над 66 години. Ова го покажаа резултатите од анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма посветена на релациите меѓу Македонија и Бугарија, а во светло на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија. За мнозинство од граѓаните (60,4%), најчест извор на информации за овие прашања е телевизијата. Една петтина или 20,4% се информираат од интернет порталите, додека 16,4% информации добиваат од социјалните мрежи.  

10

На прашањето каков е нивниот став во однос на изјавата: секогаш ќе има некој што ќе ги кочи преговорите на Македонија со ЕУ – тие едноставно не сакаат да станеме нивна членка, вкупно 67,8% од граѓаните целосно или донекаде се согласуваат со неа. Ваквата изјава има поголема поддршка кај етничките Македонци (72,2%) отколку кај етничките Албанци (56,1%). Од друга страна пак, мнозинство од граѓаните се согласуваат дека најголем број од земјите членки како и тие кои сега преговараат се соочиле со пречки во процесот на пристапување. Па така, мнозинство од испитаниците, односно 55,1% целосно или донекаде се согласуваат дека Македонија ќе ги намине пречките на патот кон ЕУ и ќе стане нејзина членка. 

Повеќе од половина (52,3%) сметаат дека нема зошто да се разговара со Бугарија за овие прашања надвор процесот на евроинтеграции. Иако не е мнозински (42,2%), сепак за забележување е дека голем број граѓани кои се изјасниле за ставот дека отворените прашања со Бугарија треба да се решаваат без оглед на процесот на евроинтеграции. Меѓу нив, побројни се етничките Албанци (53,5%) наспроти етничките Македонци (36,4%). 

11

Прашани за тоа што мислат, кои се најголемите пречки за поинтензивна соработка на Македонија и Бугарија, речиси три четвртини од граѓаните главните пречки ги лоцираат во три работи:  историското непријателство, толкувањето на историјата и националните политичари. Со мали отстапки, вакви се резултатите и во претходните периоди на истражување, односно во 2017 и 2013 година. Сепак, за да се подобрат односите меѓу Македонија и Бугарија, мнозинството граѓаните сметаат дека треба се да подобрат соработка во културата, забавата и спортот и подобрување на инфраструктурата и граничните премини меѓу двете земји. Многу слични се резултатите и во претходните истражувања кога е проверувано ова прашање, односно ова биле решенијата што ги избрале граѓаните и во 2017 и во 2013 година.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 31 октомври до 5 ноември 2020 година. Анкетата  е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години. 

Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кои се пречките, а кои се решенијата за подобри односи меѓу Македонија и Бугарија