Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 30 qershor 2020 15:45

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на вториот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-05). Преку финансиската поддршка од овој тип на грантови, здруженијата ќе работат на нивниот институционален развој и организациско јакнење. Тие ќе ги надминат моменталните организациски предизвици и ќе го зголемат својот придонес во општеството.

20200703 INS05

Добитници на институционален грант се 15 организации и тоа:

  • Здружение КОНЕКТ Скопје;
  • Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје;
  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕДНОРОДИТЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА ЕДНА МОЖЕ! СКОПЈЕ;
  • Здружение на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје;
  • Здружение Рурална коалиција Куманово;
  • Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје;
  • Здружение за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ Скопје;
  • Здружение за борба против рак БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН Скопје;
  • Здружение за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ Скопје;
  • Здружение на граѓани за локален и рурален развој, Тетово;
  • Здружение Специјална Олимпијада – Македонија Скопје;
  • Кризен центар „НАДЕЖ“ – Скопје;
  • Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци;
  • Здружение за култура и развој на креативни индустрии КУЛТ-ТРАНЗЕН;
  • Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“.

Новите грантисти дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на човекови права; но и во секторите за здравје и здравствена заштита; земјоделство и рурален развој; развој на граѓанското општество; владеење на правото; родови прашања; информации, комуникации и медиуми; култура; лица со посебни потреби и сиромаштија. Новите грантисти во главно делуваат на национално ниво.

На повикот што беше отворен до 1 јуни 2020 г. беа поднесени 114 пријави за институционални грантови.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас