Излезе првиот број на „Граѓаните за промена“ |
Четврток, 25 јули 2019 13:00 | |||
Цивика мобилитас денес го објави првиот број од списанието „Граѓаните за промена“ гласник на програмата но и на целото граѓанско општество. Списанието им е посветено на граѓаните како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени. „Граѓаните за промена“ има амбиција да биде нова точка во која ќе се собираат и од која ќе се дистрибуираат информациите за граѓанското општество и за темите релевантни за него, место каде ќе ги споделиме анализите, дилемите и дискусиите за важните прашања за функционирањето на граѓанското општество. Првиот број опфаќа период од шест месеци, а следните изданија ќе бидат квартални. Списанието ќе се подготвува и објавува на македонски, албански и на англиски јазик и ќе има само електронска верзија. Ова е најава но, и повик до сите колеги од граѓанскиот сектор и пошироко, да бидат дел од „Граѓаните за промена“. Читајте и коментирајте. Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно. Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:
|