Излезе првиот број на „Граѓаните за промена“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Излезе првиот број на „Граѓаните за промена“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 korrik 2019 13:00

Цивика мобилитас денес го објави првиот број од списанието „Граѓаните за промена“ гласник на програмата но и на целото граѓанско општество. Списанието им е посветено на граѓаните како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени.

cw1 web

„Граѓаните за промена“ има амбиција да биде нова точка во која ќе се собираат и од која ќе се дистрибуираат информациите за граѓанското општество и за темите релевантни за него, место каде ќе ги споделиме анализите, дилемите и дискусиите за важните прашања за функционирањето на граѓанското општество. 

Првиот број опфаќа период од шест месеци, а следните изданија ќе бидат квартални. Списанието ќе се подготвува и објавува на македонски, албански и на англиски јазик и ќе има само електронска верзија. 

Ова е најава но, и повик до сите колеги од граѓанскиот сектор и пошироко, да бидат дел од „Граѓаните за промена“. Читајте и коментирајте. Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно.

Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Излезе првиот број на „Граѓаните за промена“