Референдум 2018 - Ставови на јавноста во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Референдум 2018 - Ставови на јавноста во Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 август 2018 12:54

Aвтор: Александар Кржаловски
ИСБН: 978-608-4848-09-7
Дата: Август, 2018 година
PDF MK: referendum-2018-stavovi-na-javnosta-vo-makedonija.pdf
PDF ENreferendum-2018-public-opinion-poll-in-macedonia.pdf

referendum 2018 stavovi na javnosta vo makedonijaВо овој извештај „Референдум 2018“ презентирани се и анализирани ставовите на јавноста во Македонија во однос на претстојниот референдум за постигнатиот договор со Грција за спорот околу името на државата, добиени преку испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во јули 2018 година.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е граѓанска организација, посветена на демократскиот развој на Македонија и на европските политики и интеграции. 

МЦМС во континуитет го поддржува правото на самоидентификација на Република Македонија. 

Во 2004 г. заедно со други организации ја организира и учествуваше во кампањата „Кажи Македонија“ (Не ме Фиромирај). Во 2008 г. со заедничка изјава „И Македонија и НАТО“, МЦМС заедно со неколку организации повторно се произнесе сметајќи дека името е право на самоидентификација. 

По непоканувањето за членство во НАТО во 2008 г., како и по застојот во ЕУ-интеграциите од 2009 г., спорот за името Македонија станува главна пречка во евроатлантските интеграции на Македонија.

Во 2010 г. МЦМС за првпат спроведе истражување на јавното мислење во Македонија за спорот за името Македонија. Во 2011 и во 2013 година МЦМС и ИДСЦС, водени од застојот на евроатлантските интеграции на Македонија и потребата за политики засновани на факти, спроведоа нови истражување за спорот за името Македонија, а последното од тој вид го спроведоа во април 2018 година.

Со оглед на постигнувањето на Договорот (конечна спогодба) со Грција во јуни оваа година, како и очекуваниот референдум наесен, МЦМС одлучи да го испита јавното мислење за самиот договор и за претстојниот референдум. Наодите се дадени во овој извештај.

Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Референдум 2018 - Ставови на јавноста во Македонија