Подостапни публикации – поаргументирана дебата |
Четврток, 03 мај 2018 00:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одбележува Светскиот ден на слобода на печатот. Во своите 25 години посветена работа, МЦМС има издадено 220 публикации кои можат да се поделат во неколку различни категории и тоа: граѓанско општество, избори и политика, анти-корупција, разноличност и (не)дискриминација и локална самоуправа. Со цел да поттике аргументирана и информирана расправа за важните општествени прашања, МЦМС има спроведено голем број на истражувања на различни општествени теми. Во зависност од темата, истражувањата користат различни инструменти: прашалници, длабински интервјуа, анализа на содржина, студии на случај, статистички анализи итн. МЦМС ги публикува сите свои истражувања. Освен истражувањата, МЦМС издава и многу други публикации претежно поврзани со главните теми на кои работи. Публикувањето, треба да ги направи подостапни информациите на тие теми и да овозможи да стигнат до поголем број на луѓе.
|