Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 10 prill 2017 09:13

На четвртата седница на Собранието на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, што се одржа на 7 април 2017 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е избран за домаќин на Секретаријатот на Платформата во траење од три години.

Institutot za demokratija e noviot Sekretarijat na Platformata za borba protiv korupcija 2

ИДСЦС ќе ја замени Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар која до сега ја имаше улогата на Секретаријат на Платформата. Членовите на Собранието му се заблагодарија на АДИ за досегашната успешна работа, и му посакаа ИДСЦС уште подобри резултати.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција е основана на 9 декември 2014 г. од 15 граѓански организации. Таа цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата.

Institutot za demokratija e noviot Sekretarijat na Platformata za borba protiv korupcija 1

Членки на Платформата се: Асоцијацијата за демократски иницијативи, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Коалицијата „Сите за правично судење“, КОНЕКТ, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, МОСТ, Охрид Институт, Транспаренси Интернешнл Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Форум ЦСИД, Центарот за граѓански комуникации и Центарот за истражување и креирање политики.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција