Работилница за партиципативно истражување и анализа за институционалните грантисти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за партиципативно истражување и анализа за институционалните грантисти PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 мај 2016 11:57

Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Rabotilnica za participativno istrazhuvanje i analiza za institucionalnite grantisti

На работилницата беа разработени пет клучни области и тоа концептот на партиципативното истражување; силните и слабите страни; методите и алатките (интервјуа, фокус групи, правење дијаграми/визуелизирање, собирање приказни); примероци и анализа и известување.

Учесниците правеа практични вежби за рангирање и оценување. Во помали групи, тие работеа на развивање прашања за партиципативна анализа, споделија свои но имаа можност да видат и туѓи искуства во оваа област.

Rabotilnica za participativno istrazhuvanje i analiza za institucionalnite grantisti 2

„Партиципативноста е клучна за процесот на учење, поврзан со градење на капацитети“, рече Форестер. „За развојот да биде одржлив и да промовира самостојност, вклученоста, контролата и одговорноста за тој развој мора да се смета првенствено како дел од тој процес, а не како долгорочна цел“, рече тој.

„На  работилницата ги зајакнавме своите знаења за тоа како да добиеме повратна информација од конституентите за истражувањата што ги правиме, како и нивно вклучување во анализата на податоците“, рече Јана Мелоска Петрова од Хелтгрупеф. И другите учесници изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за партиципативно истражување и анализа за институционалните грантисти