Промоција на нови 48 грантови на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на нови 48 грантови на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 мај 2016 15:15

Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа  институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации. 

Promocija na novi 48 grantovi na Civika mobilitas

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада ги поздрави присутните и им ги врачи договорите на грантистите. Таа изрази задоволство од тоа што многу од грантистите на Цивика мобилитас се веќе значајни двигатели на промена кои иницираат низа активности кои ги адресираат потребите и интересите на граѓаните. „Граѓанското општество треба активно да биде вклучено во политичкиот идјалог и во развојот на демократските вредности и принципи“, рече таа и додаде дека во последните неколку месеци граѓанското учество расте што е показател на растечкото граѓанско општество. „Овие трендови се веројатно почетни фази, но тие изразуваат многу инспиративни пораки за иднината на државата“, рече амбасадорката Сутер Тејада.

Поддршката за грантистите изнесува околу 87 милиони денари вкупно. Околу 59 милиони денари се наменети за поддршка на институционалните грантисти со која ќе се придонесе за нивниот институционален развој и организациско јакнење. Вкупниот буџет за специфичните акциски грантови инесува околу 22 милиони денари. Овие грантови се наменети за истражување и развој, информации и комуникации и набљудување, оценка и известување. 

DSC 6252

Речиси 3,4 милиони денари им се наменети на малите акциски грантисти со кои ќе ги промовираат своите цели во соработка со другите граѓански организации, граѓаните и властите на локално и национално ниво. Вкупниот буџет на ад хок грантистите изнесува околу три милиони денари наменети се за поддршка на неодложните прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија. 

DSC 6310

И институционалните и акциските грантови треба да ги зајакнат граѓанските организации што ќе ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

DSC 6336

По промовирањето на грантистите, беше направена подетална презентација на истражувачко-развојните акции за кои се наменети специфичните акциски грантови.

DSC 6282

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промоција на нови 48 грантови на Цивика мобилитас