Како да се воспостави врска меѓу граѓаните и граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како да се воспостави врска меѓу граѓаните и граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 октомври 2015 13:11

На 23 септември 2015 година, во Домот на младите во Штип, се одржа регионалниот форум на Цивика мобилитас за организациите и граѓаните од Источниот регион.

Kako da se vospostavi vrska megju gragjanite i gragjanskite organizacii

Претставниците на граѓанските организации се пожалија дека е тешко да се добие поддршка од граѓаните за одредени акции. Според нив, причината е стравот на организациите или политичката припадност.

Поголем дел од дискусиите беа насочени кон проблемот со паркот наречен Зелен плоштад. Според деталниот урбанистички план, на местото на паркот треба да се градат згради со што добар дел од граѓаните не се согласуваат. Тие, организирани во граѓанската акција „Аман“ се обидуваат да го спречат реализирањето на деталниот урбанистички план.

„Се обидуваме да им претставиме на граѓаните дека проблемот е заеднички и дека нема место за политика“, рече Горан Трајков од Аман. Според него, секое споменување на политика ја разводнува главната тема. „Граѓаните треба да научат која е функцијата на месните заедници“, вели тој и додава дека преку информирањето на граѓаните ќе може да се влијае на месните заедници да работат на барањата и да се заложат за интересите на граѓаните. Тој додаде и дека имаат поддршка од повеќе граѓански организации, иако поголем дел од нив се пасивни.

Според Питер Тоинес, меѓународниот водач на тимот на Цивика мобилитас, повеќе фактори влијаат врз работењето на граѓанските организации и нивните акции. „Примерот со паркот е одличен поради повеќе работи: се работи за прашање од животна околина, се работи за човеково право да се штити местото на живеење и сл.“, рече тој и додаде дека таквите мали акции можат да придонесат да се зголеми граѓанската свест, граѓаните да се охрабрат на микро ниво, за потоа  да почнат да се интересираат за поголемите проблеми и начините како можат да помогнат или да сменат нешто.

Другите прашања за кои разговараа присутните се однесуваа на миграциите и на пристапот до здравствени услуги на граѓаните во помалите градови и руралните општини, а особено за маргинализираните групи.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како да се воспостави врска меѓу граѓаните и граѓанските организации