Информирајте се за новините на ЕНЕР - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информирајте се за новините на ЕНЕР PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 14 септември 2015 13:02

Vodich niz novinite na Edinstveniot nacionalen registar na propisi ENERМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на проектот „Огледало на Владата“, од 2012 г. го следи Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР - www.ener.gov.mk).

На 25 декември 2014 г. е пуштен во употреба новиот ЕНЕР, на кој покрај новиот дизајн, е направено и техничко и содржинско унапредување.

Со цел да ја информираме јавноста за главните измени кои се направени на ЕНЕР подготвивме „Водич за новините на ЕНЕР”. Водичот ќе им послужи на сите корисници на ЕНЕР и како алатка за полесно толкување на информациите за статусот на одреден предлог-закон и за вклучување во процесот на консултации преку ЕНЕР.

Водичот е подготвен во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, финансиран преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Програмата ја спроведува МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Информирајте се за новините на ЕНЕР