Повик до политичките лидери за транспарентен и партиципативен процес на донесување на одлуките поврзани со договорот од 2 јуни и 15 јули 2015 г. - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик до политичките лидери за транспарентен и партиципативен процес на донесување на одлуките поврзани со договорот од 2 јуни и 15 јули 2015 г. PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 август 2015 13:10

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Мрежата 23, денес (31 август 2015 година) на прес конференција упатија повик до сите вклучени страни во процесот на донесување одлуки за прашањата утврдени во Договорот на политичките партии и неговиот анекс за отвореност, транспарентност и вклучување на граѓанскиот сектор и сите засегнати страни. 

IMG 7485

Тие истакнаа дека спроведувањето на договорот е императив и побараа од Владата да го објави Нацрт-акцискиот план за реализација на Итните реформски приоритети на Европската комисија, а Собранието да им овозможи на граѓанските организации да ја следат неговата работа од 1 септември до распуштањето. 

Свесни за својата одговорност, граѓанските организации сакаат да придонесат со својата експертиза, анализи и извештаи поврзани со прашањата од Договорот. Тие понудија да го следат спроведувањето на Акцискиот план како и работата на клучните регулаторни тела и предметите во надлежност на специјаниот јавен обвинител. 

IMG 7489

„Ние постојано ја следиме работата на институциите и ова не е новина, но заради актуелниот момент и итноста што ја наметнуваат роковите од Договорот сметавме дека треба јавно да истапиме и да ги нагласиме овие работи“, рече на прес конференцијата Емина Нурединоска од МЦМС. Според Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика обединувањето на граѓанските организации околу ова прашање само по себе е значаен чекор. „И на овој начин сакаме да покажеме дека дијалог е потребен и можен“, рече таа и додаде дека дел од резултатите на ваквото здружување можеби нема да бидат веднаш видливи, но дека ќе придонесат во целиот процес што ќе се одвива. 

Целиот текст на Повикот можете да го прочитате на следниот линк.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повик до политичките лидери за транспарентен и партиципативен процес на донесување на одлуките поврзани со договорот од 2 јуни и 15 јули 2015 г.