Обука за поврзаноста на организираниот криминал и корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за поврзаноста на организираниот криминал и корупцијата PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 декември 2014 14:07

Од 25 до 26 ноември 2014 година, во Скопје, МЦМС ја организираше обуката „Поврзаноста на организираниот криминал и корупцијата“. Обуката им беше наменета на претставниците на граѓанските организации кои меѓу другото, ја мониторираат работата на јавните институции во државата. Предавачи беа др. Тодор Јаламов, Тихомир Безлов, Руслан Стефанов и др. Емил Ценков сите од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија.

Obuka za povrzanosta na organiziraniot kriminal i korupcijata 1

За време на обуката, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за искуствата поврзани со корупцијата и анти-корупцијата во Бугарија и во Југоисточна Европа; за добрите и лошите пракси; за тоа како се следи и оценува анти-корупцијата и организираниот криминал во Европа; за искуствата од Извештајот за проценка на заканата од организираниот криминал во Европа, како и од Водичот за проценка на заканата од организираниот криминал во Бугарија.

Претставниците на граѓанските организации зборуваа за нивните приоритети во однос на анти-корупцијата и доброто владеење во Македонија на краткорочно и долгорочно ниво. Се осврнаа и на тешкотиите со кои се соочуваат при мониторингот на работата на јавните институции кои пред сé се резултат на пристапот до јавни информации, особено во однос на финансирањето на политичките партии, јавните набавки итн. Тие исто така зборуваа за микро коруптивните практики и потребата за нивно искоренување како и за јакнењето на свеста на граѓаните за тоа што сé претставува коруптивно дело и како тоа се искоренува. Учесниците беа едногласни дека добрите примери се најдобар начин за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, поддржани со силно судство и владеење на правото.

Obuka za povrzanosta na organiziraniot kriminal i korupcijata 2

Обучувачите им посочија на претставниците на ГО корисни извори на информации кои можат да се користат во нивната секојдневна работа, меѓу кои и последниот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија. Учесниците посебно се интересираа за алатките за откривање на корупцијата и техниките кои се користеле во Бугарија затоа што се применливи и во Македонија. Меѓу најинтересните теми за нив беше и пристапот за мерење на довербата во институциите, прекуграничниот криминал, криминалот со криумчарење на цигари, сузбивање на проституцијата, но и методите за следење на корупцијата во високото образование. Претставниците на ГО сметаа дека размената на искуства со земјите во регионот, но и со другите е доста корисна за нивната работа.

Обуката беше дел од проектот Борба против корупција и организиран криминал што го спроведува МЦМС во соработка со ЦИД од Бугарија. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за поврзаноста на организираниот криминал и корупцијата