Презентирани првичните наоди од Системот за следење на корупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентирани првичните наоди од Системот за следење на корупција PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 јуни 2014 00:00

Првичните наоди од системот за следење на корупцијата и главните предизвици идентификувани во националните извештаи за проценка на корупцијата беа главните теми на работилницата за јавни политики одржана на 20 јуни 2014 година, во Истанбул Турција. Работилницата ја организираше Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ), а наодите ги презентираа регионалните партнери. МЦМС е регионалниот партнер од Македонија, а во Истамбул го претставуваа Емина Нурединоска и Борјан Ѓузелов.

d2e9db9f8e

Наодите се резултат на направените анкети со население и на истражувани секундарни податоци кои даваат преглед на состојбите во шест области: правна и институционална рамка – ефикасност на институциите, судство, економија и корупција, граѓанско општество и меѓународна соработка. Истражувањето е направено во сите земји во регионот. Наодите од спроведувањето на системот за следење на корупцијата во Македонија ги презентираше Емина Нурединоска. Финалниот регионален извештај ќе биде објавен во текот на јули.

IMG 2334

Работилницата беше дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“ кој е финансиран од Европската комисија, Директорат за проширување. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Презентирани првичните наоди од Системот за следење на корупција