Советот на МЦМС го усвои Деловниот извештај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Советот на МЦМС го усвои Деловниот извештај PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 мај 2014 00:00

На 27 мај 2014 година, Советот на МЦМС ја одржа втората редовна седница. Членовите на Советот ја избраа Душица Перишиќ за претседавач на седницата.

IMG 1596

Деловниот извештај за 2013 година со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење ги презентираше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. Тој истакна дека во претходната година МЦМС спровел 21 проект со вкупен буџет од 60,3 милиони денари. Кржаловски кратко се осврна на постигнувањата во секоја од програмите. „Задоволни сме од постигнатите резултати, особено што дел од нашите напори за мобилизација на нови фондови овозможија следните неколку години да бидат финансиски поизвесни. Оваа година“, рече Кржаловски, „МЦМС забележа раст на приходите прв пат по три години и тоа за нас е валоризација на нашата работа.“ Кржаловски најави дека во овој период на стабилно портфолио ќе бидат разгледани некои старо-нови можности за идниот развој на МЦМС и ги повика членовите на Советот да ги изнесат своите размислувања во врска со тоа.

Во дискусијата што следуваше, членовите на Советот го изразија своето задоволство од успешно завршената година. Силен МЦМС му е потребен на граѓанскиот сектор, сметаат тие. Еден дел од дискусиите се однесуваше на активностите поврзани со дијалогот и толеранцијата. Дискутантите сметаа дека МЦМС е препознаен на тоа поле, а во последните години речиси и да нема таков тип активности. Создадените човечки капацитети и кредибилитетот на организација треба да бидат ставени во функција на овие прашања и да се направат напори да се мобилизираат средства за такви активности. Освен тоа, искуствата на МЦМС во оваа област можат да се користат и надвор од Македонија.

IMG 1615

Членовите на Советот дискутираа и за можностите што ги нуди продавањето на консултантските услуги. Тие сметаат дека ваквите економски активности можат да придонесат кон одржливоста на МЦМС. Освен тоа, квалитетните човечки ресурси на МЦМС можат да бидат изборот на големиот број организации и институции кои сега користат консултанти од странство со што процентот на средствата кои завршуваат во Македонија се намалува. Дискутантите сепак укажаа дека треба да се внимава обемот на ваквите активности што МЦМС може да ги спроведува да не се влијае на мисијата и визијата на организацијата.

IMG 1605

Беа спомнати и дел од напорите за застапување и лобирање што ги прави МЦМС во соработка со другите граѓански организации, а се однесуваат на законската рамка поврзана со функционирањето на граѓанските организации. Членовите на Советот сметаат дека на тоа поле има уште простор за делување на МЦМС.

Деловниот извештај за 2013 година беше едногласно усвоен.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Советот на МЦМС го усвои Деловниот извештај