Ќе се реновираат и санираат споредните улици во Шуто Оризари - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ќе се реновираат и санираат споредните улици во Шуто Оризари PDF Печати Е-пошта
Петок, 06 декември 2013 14:35

Граѓаните на Шуто Оризари со вкупно 35 гласа го избраа проектот „Реновирање и санација на споредни улици“ како најприоритетен проект кој ќе биде финансиран од проектниот фонд на програмата Форуми во заедницата. На петтата форумска сесија што се одржа на 4 декември 2013 година, во ОУ Браќа Рамиз Хамид, со почеток во 17:00 часот присуствуваа 139 граѓани на општина Шуто Оризари и гости.

kje se renoviraat i saniraat sporednite ulici vo shuto orizari - 1

Покрај избраниот, граѓаните може да гласаат и за проектите „Реновирање и санација на централни улици“; „Улично осветлување“; „Уредување на јавни површини“ и „Уредување на тротоарите и просторот околу нив“.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам на присутните граѓани ѝм честиташе на направениот избор, а потоа од страна на граѓаните ги прими и 26-те препораки, за кои истакна дека, тој заедно со општинската администрација ќе направи се што е во рамките на нивните можности, истите да се реализираат во што е можно поголем број.

kje se renoviraat i saniraat sporednite ulici vo shuto orizari - 2

И граѓаните беа задоволни од резултатите од гласањето. „Среќен сум што најмногу гласови доби проектот за кој навивав од самиот почеток, иако морам да признам дека и другите проекти се убави и се надевам дека во иднина, општината ќе реализира некои од нив“, ни рече Себастијан Селим. Трајан Али имал друг фаворит. „Јас мислев дека проектот за уредување на јавните површини ќе добие најмногу гласови, меѓутоа поголемиот дел од присутните граѓани гласаа за проектот за реновирање на споредните улици. Се надевам дека општината заедно со градоначалникот ќе се потрудат да најдат начин, со општински средства да реализираат и некој од другите проекти од Форумот во заедниците, кои вечерва не беа изгласани од страна на граѓаните“, рече Трајан Али.

На крајот на форумската сесија беше формирана Работна група составена од учесници на Форумот, која во наредниот период ќе врши следење на спроведувањето на избраниот проект и препораките дадени од граѓаните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ќе се реновираат и санираат споредните улици во Шуто Оризари