Предизвиците на повеќекратната дискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Предизвиците на повеќекратната дискриминација PDF Печати Е-пошта
Петок, 01 ноември 2013 12:18

МЦМС денес, 31 октомври 2013 г. (четврток) во х. Холидеј ин, Скопје, организираше дебата на тема „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“.

predizvicite na povekjekratnata diskriminacija-2

Во своето воведно обраќање, Жанета Попоска од ОБСЕ зборуваше за меѓународните стандарди и за македонското законодавство и, меѓу другото, истакна дека постојат многу малку одредби за забрана на повеќекратната дискриминација. „Повеќекратната дискриминација е нееднаквото постапување кое се појавува по повеќе основи“, рече Попоска и додаде дека жените и старите лица се најранливите групи. Таа се задржа на два вида на повеќекратна дискриминација и тоа на кумулативната или дополнителната и на интер-секциската дискриминација. Притоа Попоска забележа дека постоечкото анти-дискриминациско законодавство не е во состојба да го реши проблемот со повеќекратната дискриминација.

Некои решенија за предизвиците на повеќекратната дискриминација, според Попоска, би биле: хармонизиран модел на анти-дискриминациско законодавство, со кое опфатот на заштита би бил ист, а исклучоците за сите основи би биле слични. Притоа, во изборот на точката на споредба би требало да се биде флексибилен. Таа даде и неколку примери од правната пракса за анти-дискриминација на Германија и Ирска.

predizvicite na povekjekratnata diskriminacija-1

Јован Ананиев од Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) се осврна на европските и македонските искуства во утврдувањето на повеќекратната дискриминација, презентираше примери како и дилеми кои се појавиле во врска со нив.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките со справување со повеќекратната дискриминација.

Дебатата е дел од проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е поддржан финансиски од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Предизвиците на повеќекратната дискриминација