„Kорупцијата е опасност толку колку што ние ќе дозволиме“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Kорупцијата е опасност толку колку што ние ќе дозволиме“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 септември 2013 19:57

Ова меѓу другото го истакна денес Џејмс Стајн, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, на конференцијата со која и официјално започна спроведувањето на новата Програма на УСАИД за борба против корупцијата со која ќе бидат поддржани граѓанските организации во нивните напори за подигање на интегритетот на државните институции со што тие ќе бидат поотчетни пред граѓаните.

IMG 0543

„Корупцијата е глобален проблем кој онаму каде што се толерира или недоволно се  проверува, ги поткопува општествените вредности, го спречува економскиот раст и ги кородира темелите на општеството“, истакна Стејн. Тој додаде дека иако според Индексот за перцепција на корупцијата Македонија оди во правилна насока, сепак, сѐ уште треба и може многу да се направи, особено во делот на барање поголема отчетност и транспарентност на државните службеници.

Сејди Халили од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во своето воведно обраќање потсети на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавите на судир на интереси  во која е истакнато дека постои потреба од спроведување темелни анализи базирани на релевантни стручни истражувања кои би и дале реални димензии на перцепцијата за корупцијата. Системот за следење на корупцијата, според Халили, ќе ја даде таа темелна анализа на состојбите и динамиката на корупцијата во Република Македонија.

Емина Нурединоска од МЦМС ја презентираше програмата. Таа истакна дека активностите на Програмата вклучуваат неколку иновативни методи кои ќе бидат спроведени за прв пат во Македонија, вклучително и Системот за следење на корупцијата (ССК). Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија го презентираше ССК и истакна дека тој обезбедува детални информации за типовите, нивото и трендовите на корупцијата во државата како и нивна длабинска анализа.

IMG 0550

Програмата ќе биде спроведена од МЦМС, во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Транспарентност Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи. Таа ќе се спроведува 34 месеци. Буџетот изнесува 670.000 американски долари, а учеството на УСАИД е околу 590.000 американски долари.

Демократијата и добро управување се тековни приоритети на УСАИД. Преку различни проекти, УСАИД им помага на македонските институции и на граѓанското општество во борбата против корупцијата, во подобрувањето на демократските политички процеси, во поддршката на процесот на децентрализација и промовирањето на владеењето на правото. 

 

 

 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „Kорупцијата е опасност толку колку што ние ќе дозволиме“