Презентирана Матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентирана Матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 април 2013 12:43

На 4 април 2013 година, во просториите на ЕУ - инфо центарот во Скопје, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) го организираа промотивниот настан за заедничкиот проект „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ поддржан од Европската Унија.

IMG 5092

Околу 25 претставници на граѓански организации, државни службеници и претставници од странски и меѓународни организации беа запознаени со содржината на проектот и со основните карактеристики на Матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Матрицата е алатка за следење на овозможувачката околина за граѓанските организации која содржи 3 области, осум под-области и 151 индикатор. Истата е развиена од страна на претставници на организациите членки на БЦСДН со поддршка на Извршната канцеларија на БЦСДН и Европскиот центар за непрофитно право.  Наменета е за следење на овозможувачката околина на земјите од балканскиот регион, пред се, но со одредени прилагодувања може да се примени многу пошироко.

IMG 5096

Воведно обраќање имаше Ирена Иванова од Делегацијата на Европската Унија, која истакна дека е особено важно што повеќе од десет македонски граѓански организации се дел од регионалните проекти поддржани од ЕУ, а овој проект е единствен кој е раководен од организација од Македонија. Понатаму, Тања Хафнер – Адеми од БЦСДН, го презентираше проектот „Acquis на балканското граѓанско општество“ и се осврна на шесте стратешки цели на БЦСДН кои што ќе бидат реализирани во следните четири години. Емина Нурединоска од МЦМС даде подетален преглед на концептот и содржината на Матрицата. Истакнато беше дека овој документ е сеопфатна и важна алатка која може да биде употребена од страна на граѓанските организации за полесно да се идентификуваат околностите во кои делуваат организациите, како и приоритетите врз кои треба да се базираат нивните идни активности во насока на понатамошен развој на граѓанското општество. Исто така, Матрицата може да се користи и од страна на државните органи и од делегациите на Европската Унија во земјите од регионов при подготовка на прогрес извештаите за напредокот на земјите во процесите на приближување кон ЕУ.

Во вториот дел беа формирани 3 работни групи, каде што учесниците можеа активно да се вклучат во дискутирање на содржината на Матрицата. Учесниците, низ дискусијата, идентификуваа точки за подобрување на Матрицата со што се вклучија во дообликувањето на овој документ.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Презентирана Матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество