Обука за разговори со корисничките на програмата за оспособување на жените - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за разговори со корисничките на програмата за оспособување на жените PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 март 2013 10:46

На 28 февруари 2013 г. во рамките на програмата „Оспособување на жените погодени во конфликтот“ (ОЖП) се одржа обука за водење на интервјуата со идентификуваните жени, потенцијални кориснички на програмата.

IMG 2956

На обуката учествуваа 14 претставници на партнерските организации. Тие ќе ја подготвуваат студијата за состојбата со пазарот на трудот, побарувачката и понудата на работна сила, во седумте општини во кои се реализира програмата. Со студијата треба да се идентификуваат потребите и потенцијалите на жените во регионите погодени од конфликтот, како и потребите и подготвеноста на деловните субјекти да ги вработат или ангажираат оспособените жени.

Покрај интервјуата со домаќинствата (со фокус на нивните женски членови), во текот на март ќе се спроведат и интервјуа со претставници на локалните јавни институции, претпријатија и граѓански организации.

ОЖП е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел, Инцијатива за европска перспектива и Рекански бисер.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за разговори со корисничките на програмата за оспособување на жените