Најмногу гласови за доградбата на ОУ „Пашко Васа“ во Ново Село - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најмногу гласови за доградбата на ОУ „Пашко Васа“ во Ново Село PDF Печати Е-пошта
Петок, 16 ноември 2012 00:00

Петтата форумска сесија во општина Желино се одржа на 15 ноември 2012 година, во просториите на ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ во село Желино. На сесијата присуствуваа 83 граѓани на општина Желино и гости. На оваа сесија на граѓаните уште еднаш им беа презентирани критериумите според кои ќе се прави избор на проектите на оваа форумска сесија, а беа презентирани и правилата и начинот на гласање по работни маси.

IMG 7620

Граѓаните на општина Желино гласаа за 7 проекти подготвени од страна на работните групи и тоа: Доградба на ОУ “Пашко Васа“ во село Копачиндол; Опремување со основен инвентар на училиштата во о. Желино; Доградба и опремување на библиотека и кабинет за информатика во ОУ „Луиѓ Гуракуќи“ во село Желино; Изградба на спортски терени во ОУ во с. Чифлик и с. Дебрце; Поставување на пристапни рампи во 8 ОУ за децата со посебни потреби; Доградба на ОУ „Пашко Васа“ во село Новосело и Доградба на ОУ „Пашко Васа“ во село Мерово.

Најмногу гласови доби проектот Доградба на ОУ „Пашко Васа“ во село Новосело. (вкупно 42). Другите проекти кои не добија можност за финансирање од страна на овој форум заедно со сите предлози на решенија на проблеми се вклучија во листата на препораки која пред крајот на сесијата од страна на форумот беше предадена на општинската администрација и градоначалникот на општина Желино.

IMG 7621

За Шазивар Мемеди петата сесија е успешно реализирана. „Посакувам и во иднина нашата општина да биде вклучена во вакви проекти бидејќи мислам дека сега сме подготвени за вакви предизвици.“ И Нехат Османи е задоволен од исходот на петата сесија. „За мене беше големо задоволство да присуствувам на иницијатива каде што сите граѓани придонесуваат за вакви проекти. Искрено мислам дека направивме правилен избор за финансирање на изградбата на ОУ во село Ново Село бидејќи е со поголем приоритет“, додаде Османи.

На крајот на форумската сесија беше формирана работна група која ќе го следи имплементирањето на проектот кој беше изгласан на петтата форумска сесија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Најмногу гласови за доградбата на ОУ „Пашко Васа“ во Ново Село